Денес во Лондон вицепремиерот и министер за финансии на Република Македонија Зоран Ставрески, првиот потпретседател на ЕБОР (Европска Банка за Обнова и Развој) Фил Бенет и директорот на „Јавното претпријатие за државни патишта“ Александар Стојанов потпишаа договор со кој Македонија доби дополнителни 21.000.000 евра со кои наместо реконструкција на постоечкиот, ќе се гради нов Експресен пат Штип-Кочани.

Експресниот пат кој е планирано да започне да се гради во првиот квартал од наредната година ќе биде во должина од 28 км. и ќе има четири ленти.

Со неговата изградба планирано е да се зголеми безбедноста во сообраќајот а ќе се влијае и на заштита на животната средина.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари