ДАЛИ НОЌТА МИСТЕРИОЗНО ИЗЧЕЗНАЛЕ ЧЕТИРИ ПАЛЕТИ БЕКАТОН ПЛОЧИ?

мај 11, 2022
0 минути

Како што ни јавуваат жители од улицата „Раде Кратовче“ од Кочани, ноќта во вторникот спрема средата на улицата во непосредна близина на училиштето „Раде Кратовче“ мистериозно исчезнале ни помалку ни повеќе туку четири палети бекатон плочи.

Ако се знае дека во една палета има 200 плочи тогаш малку е чудно како можеле да бидат извадени од палетата, товарени и однесени во некој правец без тоа некој во ноќта да слушне.

Дека плочите ги нема било забележано утринава кога жителите од улицата ги виделе скинатите најлони и празните палети за што и била известена полицијата.

Со мала резерва ја примивме информацијата и се обидовме да ја проверивме веродостојноста и кај лицата од Локалната самоуправа кои ја контролираат реконструкцијата на улицата и во полицијата, но потврден одговор од двете страни не добивме.

Двете страни рекоа дека ќе проверат и ќе не информираат. До затворањето на текстот немаме добиено никаква информација.

Е сега дали сето ова е вистина или се некои шпекулации ќе се потрудиме да дознаеме во наредните денови.

С. Ивановски