Жителите на дел од улицата „Тодосија Паунов“ се жалат дека веќе втор ден се без улично осветлување и тоа од клучката кај „Кузе“ до клучката кон „Жито Ориз“.

Ни испратија клип со молба да го објавиме за да надлежните преземат мерки.

Нивната нервоза е од причини што во овие месеци денот е мошне краток па дечињата кои се на училиште втора смена мора во голем мрак да се враќаат дома, што никако не е безбедно.

Се надеваме дека надлежните по објавувањето на оваа информација ќе реагираат и дека и тој дел од улицата „Тодосија Паунов“ ќе добие улично осветлување.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари