Со доделување на пофалници за сите паралелки од прво до четврто одделение, како и благодарници за училиштата учесници во акцијата, денес и официјално беше завршена едукативната кампања „Биди модерен – Селектирај паметно“ која во организација на Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани во изминатиот период се одвиваше на просторот во општината Чешиново-Облешево.

Во кампањата учествуваа учениците од прво до четврто одделение и дечињата од најголемата воспитна група во градинката „Ѕвездички“, при што беа опфатени 190 ученика и 30 дечиња.

Во секоја паралелка беа одржани по два часа, од кои на првиот час беше одржана едукација преку презентирање на презентација под наслов „Биди модерен-селектирај паметно“, а на вториот час беше спроведена интерактивна настава преку метод на дискусија.

Третиот дел од едукацијата беше преку акција за собирање и селекција за отпадни материјали – ПЕТ  за која беа обезбедени:

-Вреќи за отпад од 240 литри- 100 броја;

-Налепници за одбележување на вреќите по одделение – 100 броја;

-Боенки – 60 броја;

-Едукативни прирачници – 200 броја;

По сумирање на резултатите од акцијата на најдобрите одделенија им беа доделени награди, спортски реквизити, фудбалски топки, а сите ученици кои учествуваа во кампањата беа почестени и со производи од компанијата „Макпрогрес“ од Виница.

С. Ивановски

DSCN6442

DSCN6450

DSCN6429

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари