Во пријателски натпревар одигран денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, „Осогово“ со една прекрасна и ефикасна игра го совлада прволигашот од Штип, „Брегалница“ со резултат 3:1 (1:1).

Кочанчани како да чекаа да заврши првенството па да покажат што знаат и умеат.

Во се го надиграа реномираниот противника, па дебито на клупата за в.д. тренерот Влатко Јовановски може да се оцени како многу добро. Јовановски направи некои измени на позициите на играчите што се покажа како добар потег кој треба да претставува терк за пролетните натпревари.

За „Осогово“ настапија и неколку играчи кои во летниот преоден рок го напуштија клубот, па сега најавуваат враќање во старата средина.

Новина претставува и дружењето на играчите, в.д. тренерот и Стручниот штаб по завршувањето на средбата во едно од кафулињата во ГТЦ.

С. Ивановски

DSCN6524

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари