Денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во присуство на голем број љубители на убаво напишаниот збор беше отворена годинешната манифестација „Саем на книгата“.

Четиринаесет излагачи со 870 наслови и повеќе од 4.200 книги на љубителите на книгата им ги претставија најновите и најпродаваните книжевни изданија за деца и возрасни, како и енциклопедии и стручна литература од повеќе области.

Книгите од „Три“, „Арс ламина“, „Магор“, „Наша култура“, „Сакам книги“, „Просветно дело“, „Ѓурѓа“, „Култура“, „Или-или“, „Антолог“, „Матица Македонска“, „Македоника литера“, „Бегемот“ и „Младинска книга“ ќе им бидат на располагање на жителите на Кочани секој ден од 10:00 до 18:30 часот, до 19.Ноември кога и се затвора саемот.

Инаку 10-тиот јубилеен „Саем на книгата“ во отсуство на Градоначалникот на Општина Кочани го отвори Петар Апостолов – Секретар НА Општина Кочани.

С. Ивановски

DSCN6539

DSCN6549

DSCN6547

DSCN6531

DSCN6545

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари