ПРВА  ЖЕНСКА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА

„КОЧАНИ“  –  „КОНЗУЛИ  ЈУНАЈТЕД“  2:0 (1:0)

Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 50. Главен судија: Спире Арсов (Кочани). Помошници: Методи Јорданов (Кочани) и Снежана Илиевска (Македонска Каменица). Контрола: Драганчо Димитровски (Кочани). Стрелци: Милеска 21’ (пенал) Салихи 46’ (Кочани).

„КОЧАНИ“ – Костова (Чакмаковска 75’), Аџулеска, Благонова, Ѓеорѓиева (Василева 82’), Ѓорѓиева, Милеска, Салихи, Арсовска, Митревска, Смилковска, Спировска.

„КОНЗУЛИ  ЈУНАЈТЕД“ – Си.Николовска, Мицкоска, Наумоска (В.Киранова 57’), Тасева, Талимџиоска, Са.Николовска, Нешкоска, Т.Киранова, Ристевска (Мирчевска 80’), Стојковска, Трајковска (Бумбароска 66’).

КОНЗУЛИ  ЈУНАЈТЕД  СЕ  ПОКАЖАА КАКО  ЖИЛАВ  ПРОТИВНИК

Натпреварот од 8-то коло во Првата женска фудбалска лига „Кочани“ – „Конзули Јунајтед“ започна со една минута молчење во знак на почит на фудбалската легенда на Кочани Стојан Димов – Шипо кој денес почина во неговата 79-та година од животот.

Фаворитот „Кочани“ благодарение на неискуството на гостинската екипа стигна до планираните три бода. „Кочанчанки“ преку целиот натпревар ја имаа топката во своите нозе, постојано напаѓаа, создаваа шанси за гол, трипати го погодија дирекот и пречката, но сепак во последните триесетина минути кога останаа без здив и дозволија младата но мошне надежна екипа од Битола да создаде три стопостотни шанси за гол кои „благодарение“ на нивното неискуство не беа реализирани.

Натпреварот започна со напади на домаќините, но прилики за гол немаше се до 21’ кога судијата Арсов покажа на белата точка. Милеска го изведе пеналот, биеше силно и прецизно, па така иако гостинскиот голман го прочита ударот, топката сепак заврши во нејзината мрежа.

По примениот гол гостинките ги фати мала паника а домаќините не знаеја да ги реализираат и оние шанси кои тешко се промашуваат. Рака на срце на двапати во овие минути и дирекот беше сојузник на гостите, но несфатливо е се што не претворија во гол домашните играчи.

Само што почна вториот дел Салихи убаво се снајде во гостинскиот шеснаесетник, кога со лоб удар ја смести топката во мрежата. Задоволни од сигурното водство домашните играчи малку несериозно почнаа да играат но благодарение на неискуството гостите не ја казнија ваквата индолентна игра.

Кога се ќе се собере, победата на „Кочани“ кој и пред самиот натпревар важеше за голем фаворит е сосема заслужена

С. Ивановски

P3900536

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари