Пингпонгарите на „Кочани“ ја забележаа и третата победа во годинешното првенство на Првата пингпонгарска лига, откако во рамките на 5-тото коло на гости ја совладаа екипата на „Студент“ со 5:2.

Со најновата победа кочанските мајстори на „белото топче“ се искачија на четвртото место на табелата со два бода помалку од второпласираната „Младост ’96“ со која се среќаваат во наредното коло во Кочани.

Комплетни резултати од 5-тото коло:

„Студент“ – „Кочани“  2:5

„Мултитекс“ – „Дебар Маало“  5:4

„Пошта 2“ – „Ѓорче Петров“  0:5

„Младост ’96“ – „Куманово“  5:2

На табелата со максимален број на освоени бодови, 10 води екипата на „Ѓорче Петров“ пред „Младост ’96“ и „Мултитекс“ со 8, „Кочани“ 6, „Студент“ 4, „Пошта 2“ и „Куманово“ по 2 и „Дебар Маало“ без бодови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари