Слаб е интересот на населението за  градба на  куќи за домување, викендички и мало стопанство до третиот квартал од оваа година. Дека интересот е мошне лош за купување на плацовите до третиот квартал што ги понуди Локалната самоуправа потврди Раководителот на секторот за финансии Ирина Хаџиева во извештајот што го поднесе на последната седница на советот на Општина Кочани.

До третиот квартал е остварено само 45,41% од планираните приходи.

Причини за ваквиот мал одѕив се многу.

Поради големата невработеност голем е бројот на млади брачни парови кои не сакаат да влезат во кредити за да си изградат семеен дом. Лошиот пласман на производството не ги остава ниту да размислуваат за финансирање во мало стопанство, а поради речиси лошата инфраструктура и побарувањата за купување на плацови за викендички е сведен на минимум.

Со што ќе се потполни ваквата празнина во општинскиот Буџет не може никој со сигурност да претпостави, но факт е дека во оваа ставка од планираното речиси да нема ништо.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари