Од сигурни извори блиски до ВМРО ДПМНЕ дознаваме дека нов Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани е д-р Лазо Митев.

Таква одлука е донесено на Извршниот Комитет на партијата што се одржа во Понеделникот навечер, па сега ќе се чека уште официјална потврда да даде Централниот Комитет на партијата.

Д-р Лазо Митев досега ја извршуваше функцијата Потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани, а како советник во Советот на Општина Кочани е и Координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ – Кочани.

Д-р Лазо Митев на позицијата Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани доаѓа на местото на актуелниот пратеник Иван Иванов.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари