Со положување на свежо цвеќе пред бистата на „Крсте Петков Мисирков“ во дворот на Основното училиште во Оризари беше одбележан патрониот празник.

Делегациите од училиштето и од Локалната самоуправа со положување на свежо цвеќе му оддадоа почит на великанот.

„Задоволни сме од оствареното меѓу двата патрони празника. Како училиште моментно броиме околу триста ученика кои со своите активности како на Општинските, така и на Државните натпревари допринесоа овој период да го сметаме за доста успешен. Денес положивме цвеќе пред бистата на нашиот патрон а сношти беше одржана културно забавна програма на која учениците ги покажаа своите училишни активности“ потенцираше Катерина Михајлоска – Директор во ОУ „Крсте Петков Мисирков“.

С. Ивановски

P3910011

P3910031

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари