СК „АКАДЕМИЈА ТОШЕВ“ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „ЧИКА ЦОНЕ“ НА КОСОВО

Во Спорт
мај 18, 2022
0 минути

За време на викендот Спортскиот Клуб „Академија Тошев“ од Оризари  учествуваше на Меѓународниот Фудбалски Турнир „Чика Цоне“ што го организираше ФК „Космет“. На турнирот „Академија Тошев“ пријави две генерации 2009 и 2013.

Во првата група освен „Академија Тошев“ учествуваа и екипите „Грачаница“, „КМФ Рашка“ и „Колашин“ додека во втората група беа екипите на „Јуниорс“, „Космет“, „Ропотово“, „ДМФ Косовска Митровица“ и „Рудар“.

Генерацијата 2009 не ја помина групата, додека генерацијата 2013 загуби во 1/4 финалето од домаќинот „Космет“ откако претходно во групата остварија две победи совладувајќи го најпрвин „КМФ Рашка“ со 1:0 а потоа и „Колашин“ со 3:1.

Иако пласманот е под очекувањата сепак ова е едно големо искуство за младите играчи на „Академија Тошев“.

С. Ивановски