Несомнено најдобриот каратист на Кочани во последната деценија Мартин Стојменов, уште еднаш ги потврди своите високи квалитети. На „Државното првенство“ за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, Стојменов настапи во категоријата „Јуниори до 21 година“ и со три победи го освои првото место.

„Државното првенство“ воедно беше и „Изборно“, од причина што првопласираните по категориите обезбедија настап во Репрезентацијата на Македонија за претстојното „Балканско првенство“ што ќе се одржи во Дубровник (Хрватска) и „Европското првенство“ чиј домаќин дополнително ќе биде одреден.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари