За време на викендот во Благоевград (Бугарија) се одржа традиционалниот Меѓународен турнир „Љупчо Солачки“ на кој зедоа учество околу 200 гимнастичари од пет држави (Македонија, Србија, Грција, Англија и домаќинот Бугарија).

На турнирот зедоа учество и тројца гимнастичари од КГС „Кочани“, Ристе Симеонов, Антонио Јаношевиќ и Јана Николова предводени од тренерот Николче Колев и неговиот асистент Петар Каров.

Најдобар резултат оствари Ристе Симеонов кој на „разбој“ беше 7-ми а на „вратило“ 8-ми.

Организаторот на осумте најдобри по справи им врачи пригодни подароци.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари