Објавен е оглас за продажба на недвижен имот (некогашниот најпрвин Хотел „Турист“ па потоа и Хотел „Центар“) на стечајниот должник АД „Угостителство и туризам“ – Кочани со површина од 1.600м² распореден на три ката. Продажбата ќе се изврши преку електронска аукција во еден пакет.

Проценетата вредност на објектот е близу 16.600.000,00 денари (270.000 Евра) а земјиштето под објектот и дворното место не се предмет на продажба.

Сите заинтересирани ќе треба најдоцна до 92.Декември да извршат уплата од 10% од проценетата вредност на објектот, а јавното наддавање ќе се изврши на 04.Декември, ќе трае 30 минути а минималниот праг за наддавање изнесува 500.000,00 денари.

Понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најповолна е должен постигнатиот износ да го уплати во рок од 8 дена. Сепак Собранието на доверители е тоа што ќе ја донесе конечната одлука дали имотот ќе се продаде по постигнатата највисока цена.

Самиот објект кој некогаш беше една од гордоста на градот, каде речиси сите генерации го поминуваа своето слободно време, денес е во мошне лоша состојба. Дом на бездомници, на наркомани, и на други занимања е денес некогашниот Хотел „Центар“.

Со евентуална продажба на објектот најзадоволни ќе бидат жителите чии домови се околу самиот објект, бидејќи како што неколкупати истакнуваа непријатната миризба што доаѓа од објектот е причината поради која не ги отвораат своите прозорци.

С. Ивановски

P1640131

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари