Според однапред договореното, денес е последниот ден кога дванаесетте екипи од Третата Фудбалска Лига – Исток, треба да ја уплатат котизацијата која за една полусезона изнесува 80.000,00 денари. Котизацијата мора да биде платена бидејќи за во недела е закажано првото есенско коло. Сепак големиот број на љубители на фудбалот кои добро се упатени во збиднувањата на Третата Фудбалска Лига – Исток, убедени се дека некои екипи како и неколку години наназад нема да ја уплатат потребната сума во закажаниот рок и пак ќе им биде овозможено да се натпреваруваат. Што ако и овој пат тоа се случи? Без разлика за кои и да се работи клубови сите треба да го почитуваат договореното, во спротивно уште на самиот старт нерегуларноста на натпреварувањето ќе биде загарантирана. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари