Во  организација на Општина Кочани,  денеска во малата сала во Центарот за култура „Бели Мугри“ – Кочани беше промовиран новиот роман за деца од македонскиот автор Киро Донев, „Јамболија што лае“.

Се работи за роман сказна, во кој животните зборуваат, роман во кој се опишува менталниот склоп на кучињата, мачките, птиците…

Книгата „Јамболија што лае“ е издание на издавачката куќа „Македоника литера“, а финансиски е поддржана од Министерството за култура.

Пред голем број љубители на убаво напишаниот збор и заинтересирани ученици романот го промовираше Нове Цветановски, издавач и рецензент на делото.

С.Ивановски

DSCN6615

DSCN6633

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари