Денес во салата на Советот на Општина Кочани новите стипендисти на Општина Кочани ги потпишаа договорите за користење на стипендија.

Со одлука на Комисијата за доделување стипендии, во студиската 2015/16 година Општина Кочани ќе стипендира 25 жители на Кочани,  редовни студенти на државните универзитети  во државава.

Според критериумите за добивање стипендија, успехот носеше најмногу 70 бода, материјалниот статус  до 20 бода, а пет бода имаа децата на самохрани родители. Приоритет имаа децата кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување во Република Македонија.

Студентите од Градежен, Архитектонски, Геодетски и Технолошки факултет  имаа дополнителни пет поени, бидејќи нивните струки, со одлука на градоначалникот, беа утврдени за дефицитарни.

Решенијата на новите стипендијанти им ги врачи Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски

С.Ивановски

DSCN6579

DSCN6584

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари