Утринава (Среда) поголем број на наши сограѓани беа изненадени од расфрланите летоци по градот. Освен што беа изненадени дело од нив беа и доста револтирани за она што било направено врз нивниот како што рекоа „приватен имот“. Нивниот револт јасно го искажаа во телефонските јавувања а и во непосредните контакти.

Фотографиите кои ни ги испратија јасно покажуваат за што се работи.

„Не можам да разберам со каков мозок е тој што се решил еве на мојата шофершајбна да го закачи ова парче хартија. Од дождот така се залепило што мака мачам да го тргнам. Кој го сторил тоа не можам со сигурност да тврдам, но според содржината јасно е на кого ме асоцира. Ниту ме интересираат едните, ниту другите, на избори не сум излегол од 2002 година, но сега толку сум револтиран што размислувам да излезам“ беше еден од коментарите на од лицето кое ни ги достави фотографиите.

Додека пиевме кафе еден мој пријател видно нервозен само прокоментира бидејќи и тој исто така си имал мака да го одлепи летокот.

„На кого да се пожалам не знам, сите институции се поврзани како свински црева. Ако им е до војна со вакви глупости нека си ги лепат на нивните возила и по нивните домови, а не на нашите. Запомни, со ова дефинитивно започнува предизборното лудило. Страв ми е да помислам што ќе се случи доколку во иднина видам со свои очи некој од која и да е партија да става на моја приватна сопственост вакви глупости. Ќе бидеш прв информиран за мојата постапка“.

Револтот очигледно е голем. Без разлика кој од која страна на барикадите се наоѓа изживувањето со приватната сопственост на луѓето предизвикува гнев, одбојност но кај некои и решителност. Што се ќе треба да очекуваме од партиите до почетокот на изборите не можеме со сигурност да предвидиме, бидејќи обичните членови ги управуваат „големи умови“.

С.Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари