Во присуство на претставници од „Министерството за животна средина“, „Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство“ Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, SECO, и од петнаесетте општини кои гравитираат околу сливот на река Брегалница, денес во салата на „АСНОМ“ се одржа завршната презентација од Проектот „За управување со речниот слив на река Брегалница“, Проект кој е финансиран од Швајцарската амбасада а имплементиран од „Министерството за животна средина и просторно планирање“ во соработка со „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Најпрвин гостите ги поздравија Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски и претставникот на Швајцарската амбасада во Република Македонија Франк Видеркер.

Дојчинова, Лефков и Рунчев имаа презентација за Нацрт Планот, Инфраструктурните проекти и комуникациските активности.

По завршувањето на презентацијата на претставниците од петнаесетте општини кои гравитираат околу сливот на река Брегалница им беа врачени посебни Сертификати.

Презентацијата ја затвори Андреас Зисет – Извршен менаџер на проектот.

С. Ивановски

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари