Со одигрувањето на три од закажаните четири натпревари од 7-мото коло од Првата Пингпонгарска Лига заврши есенскиот дел од првенството. Со седум добиени натпревари од исто толку натпревари есенската шампионска титула му припадна на “Ѓорче Петров“ додека екипата на „Кочани“ како дебитант во лигата оствари одличен пласман со 4 победи и 3 порази и сет количник 27:20 застанаа на четвртото место на табелата што претставува успех.

Резултати од 7-то коло:

„Куманово“ – „Кочани“  1:5

„Младост’96“ – „Ѓорче Петров“  3:5

„Пошта 2“ – „Дебар Маало“  5:0

„Студент“ – „Мултитекс“  (одложен)

Есенски шампион е екипата на „Ѓорче Петров“ со 14 освоени бода, пред „Младост’96“ и „Мултитекс“ (-1) со по 10, „Кочани“ 8, „Студент“ (-1) и „Пошта 2“ со 4, и „Куманово“ и „Дебар Маало“ со по 2 освоени бода.

С. Ивановски

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари