ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ИСЧЕЗНАТОТО МОМЧЕ

мај 24, 2022
0 минути

Штотуку пристигна информацијата дека е пронајдено исчезнатото младо момче.

Момчето за кое 24 часа трагаше полицијата, пожарникари од ТППЕ – Кочани како и од Доброволното противпожарно друштво – Кочани, потпомогнати и од дел на населението пред малку беше пронајдено, за жал без знаци на живот.

Момчето кое изминатите денови работело на поставување на Фотоволтаични панели во близина на село Тркање вчера попладне беше пријавено за исчезнато.

Како не даде резултати синоќешната потрага, денес на помош беа ангажирани и кучиња трагачи. Сомненијата дека откако не се најде на поголемиот дел од теренот беа дека можеби е паднал во каналот за наводнување. ВРО „Брегалница“ – го намали водостојот што го даде конечниот епилог.

Момчето е пронајдено во непосредна близина кај селото Бање без никакви знаци на живот.

Местото на настанот е обезбедено од полиција, повикана е Прва помош и известен е Јавниот обвинител за да се изврши целосен увид.

С. Ивановски