Проектот „Мобилен парламент“ по 120-ти пат им се претстави на граѓаните. Денес престојуваше во Кочани каде со малобројните посетители во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани се дебатираше на тема: „Проблеми и предизвици на производителите на ориз во источниот дел на Македонија“.

Иако требаше да присуствуваат и двајцата парламентарци од Кочани, за жал пратеникот од власта не појави во салата, а освен неколкумина производители на ориз беше забележано и присуството на претставници од неколку институции чија дејност е поврзана со производството на ориз.

Во дискусијата се вклучија присутните во салата па одржувањето на „Мобилниот парламент“ може да се констатира дека беше успешно.

Овој Проект е финансиран од „Европската унија“, а имплементиран е од Граѓанската Асоцијација „Мост“.

С. Ивановски

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари