Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани активно се приклучи на 16-тата  акција на Денот на дрвото – „ЗАСАДИ УСПЕХ“. Тие засадија садници на локацијата над фабриката за вода. УМС дава поддршка на ваквите настани и повикува што е можно
повеќе да се одржуваат акции од ваков или сличен карактер.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани се приклучи и кон хуманитарната акција за собирање на средства за помош на нашата сограѓанка Ленче Манова. По тој повод организираше штанд на кој се продаваа карти за хуманитарниот концерт кој ќе се одржи на 03.12.2015 во Клуб „Пулс“ во Кочани и продажба  на производи  донирани од компанијата „Oriflame“.

УМС ги повикува сите хумани граѓани да дојдат да си купат карта или некој од производите на „Oriflame“ на штандот кој ќе биде поставен  утре 03.12.2015  на автобуската станица во Кочани.

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари