Дали од 01.Јануари 2016 година геотермалната вода ќе биде поевтина за 17% ќе се одлучува на првата наредна седница на Советот на Општина Кочани.

Инаку УО на КЈП „Водовод“ од Кочани на последната седница ја намали цената на геотермалната вода од 38,10 денари на 31,60 денари или поточно за 6,50 денари, искажано во процентуален износ за 17%.

Како образложение на намалувањето на цената се наведува дека тоа е направено поради промената на цените на одредени калкулативни елементи што влегуваат структурата на крајната цена на геотермалната вода.

Од КЈП „Водовод“ со став дека новата калкулација била изработена од стручен тим на претпријатието и била во согласност со Тарифникот што пред околу четири години беше објавен во „Службен весник“.

Дали со евентуалното намалување на геотермалната вода ќе се вратат и дел од корисниците на услугите на „Геотерма“ кои поради високата цена во меѓувреме се откажаа.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари