Како дел од Агендата на Премиерот на Република Македонија Никола Груевски при денешната посета на Кочани беше и запознавање со тековната изградба на „Ламела 2“ – станбена зграда за социјално згрозените семејства, во месноста „Драчевик“.

Неговиот домаќин, Анче Трифунов, Раководите на АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“, Подружница – Кочани го информираше Премиерот дека во „Ламела 2“ ќе бидат изградени 43 станови со површина помеѓу 35м² и 45м² кои бидат наменети за социјално загрозени семејства.

Инаку „Ламела 2“ позната и како Проект Ф/П 1674 започна да се гради на 17 Август оваа година и зафаќа вкупна површина од 1.621м². Освен изградбата на 43-те станови во самиот објект предвидена е и изградба на Деловен простор (канцеларии) со површина од 150м² кој ќе го користат вработените од АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“, Подружница – Кочани.

Вредноста на објектот изнесува 53.953.652,80 денари кои со платениот ДДВ има вкупна вредност од 63.665.310,30 денари. За изградба на објектот платени се комуналии во висина од 3,154.089,00 денари.

Рокот за изградба на „Ламела 2“ е 24 месеци, но доколку продолжат поволните временски услови според изведувачот, истите можат да бидат завршени и за 18 месеци.

С. Ивановски

DSCN7184

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари