Денес повторно на влезот од „Градскиот пазар“ во Кочани ОО СДСМ Кочани постави штанд на кој граѓаните на Општина Кочани можеа да разговараат со претставниците на Општинската Организација и да дадат свои идеи, предлози како и критики за „Визијата за Македонија“.

Дополнителна активност беше тоа што  младите од  ЛК СДММ се вклучија во хуманитарната акција за помош во собирање на финансиски средства на нашата сограѓанка Ленче Манова. На

донацискиот штанд се продаваа карти за хуманитарниот концерт, беџови како и донирани производи од компанијата ,,Oriflame’’.

СДММ им се заблагодарува на сите кои донираа и ги повикува сите хумани граѓани на хуманитарниот концерт вечерва во Клуб „Пулс“

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари