НА 1 ЈУНИ ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛОТО „ТИ МОЖЕШ!“ ОД ЛЕНЧЕ СТОЈАНОВА

мај 30, 2022
1 минути

В среда, на 1 јуни,  во 18:30 ч., во Библиотеката „Искра“ во Кочани ќе биде промовирана  книгата „Ти можеш!“ од авторката Ленче Стојанова.

Делото на Стојанова, дипломиран биолог на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставува прирачник за слабеење на еден поинаков начин, водич за постигнување на посакуваната телесна тежина низ длабок процес на психофизичка рамнотежа.

Мотивирана од вечната инспирација на многумина млади, желни за витко и здраво тело, Стојанова го образложува нејзиното видување на исхраната, здравјето, физичката активност и нивното заемно дејство во спој што се нарекува среќен и здрав живот.

Делото „Ти можеш!“ ќе го промовира д-р Верица Јакимова.