Во организација на Здружението „Еднакви за сите“ од Кочани како дел од кампањата која ја организира „Зонта Клубот“ од Скопје со поддршка на УСАИД, на платото во ГТЦ во Кочани беше спроведена активноста под мотото „Против насилството врз жените и девојчињата“, која е дел од меѓународната кампања на Обединетите нации, која секоја година се одвива во периодот од 25 Ноември до 10 Декември.

По пристигнувањето на „Женскиот автобус“ на паркингот пред платото во ГТЦ учесниците во кампањата организираа марш кој започна по левиот кеј на „Кочанска Река“ до „Паркот на Револуцијата“ од каде преку „Крушарски мост“ во обратна насока се вратија во ГТЦ.

На платото во ГТЦ учесничките во маршот се сретнаа со младите учесници во проектот каде сите заедно зближени направија форма на панделка.

Со ова заврши првиот дел од проектот. Неговото продолжување е закажано за во Сабота каде во ресторанот „Але-Дар“ ќе се одржи едукативна работилница за елиминирање на семејното насилство.

С. Ивановски

DSCN7305

DSCN7309

DSCN7319

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари