Тројца гимнастичари, членови на КГС „Кочани“, Антонио Јаношевиќ, Ристе Симеонов и Јана Николова, предводени од тренерот Николче Колев од 4-6 Декември учествуваа на Меморијалниот меѓународен гимнастички турнир „Лазар Крстиќ и Марица Џелатовиќ“ што се одржа во Нови Сад (Република Србија).

Во конкуренција на гимнастичари од 38 клубови од 13 држави (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Унгарија, Кипар, Израел, Јужна Африка, Турција и Романија) единствено Антонио Јаношевиќ обезбеди настап во финалната конкуренција на 8-те најдобри по справи. Тој го зазеде 8-то место (прескок 6-ти и вратило 8-ми).

Турнирот на младите гимнастичари од Кочани им послужи за стекнување искуство кое и те како ќе им користи во понатамошната кариера.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари