Со одржувањето на едукативната работилница заврши караванот што го организираше здружението „Зонта клуб“ од Скопје во соработка со невладината организација „Еднакви за сите“ од Кочани а со поддршка на УСАИД.

Караванот беше дел од Меѓународната кампања која е под ингеренции на ОН а кампањата насловена како „Против насилството врз жените и девојчињата“ се организира секоја година во периодот од 25 Ноември до 10 Декември.

Работилницата што се одржа во ресторанот „Але-Дар“ имаше за цел да ја едуцира жената како да стекне самодоверба и да се заштити самата себе во некои деликатни моменти.

Инаку караванот во Кочани пристигна уште во Петокот кога учесничките во него, во придружба на младите од Кочани организираа марш низ дел од кочанските улици во Централното градско подрачје а финишираше пред платото во Градскиот Трговски Центар каде симболично беше направена панделката.

С. Ивановски

DSCN7508

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари