Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски им ги врачи потврдите на единаесетте лица кои беа вклучени во проектот „Општо корисна работа“.

Проектот втора година по ред го организира УСАИД а е спроведен од страна на Општина Кочани со партнерите „Агенцијата за вработување“ и „Центарот за социјални работи“.

Годинава проектот беше организиран во 4 сфери:

Во првата сфера беа вклучени децата од предучилишна возраст а реализацијата беше на три пункта: во Кочани, Оризари и Тркање.

Во втората сфера беа опфатени стари и изнемоштени лица

Третата сфера опфати лица со социјален ризик на кои со работен ангажман на лицата од „Благородна мисија“ им беше делена облека.

Во четвртата сфера на одредени лица им беше доделувана храна преку „Народната кујна“.

Три лица од оние кои ги добија потврдите веќе се вработени, а останатите осум тоа ќе можат да го остварат непречено преку „Агенцијата за вработување“ во Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари