Вечерва (Петок) со почеток во 20:00 часот во салата на ЦК „Бели Мугри“ во Кочани, во организација на Општина Кочани, македонската етно-група „Монистра“ ќе одржи хуманитарен концерт посветен на нашата сограѓанка Ленче Манова.

Цената на билетите изнесува 150,00 денари а истите можат да се набават во Ресторан „Пролет“ и Кафе-бар „Класик“ во Градскиот трговски центар.

Со овој концерт продолжува серијата на музички настани кои во чест на Ленче Манова ја поткренаа музичарите од Кочани.

Уште еднаш да покажеме дека Кочани е град на хумани луѓе.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари