Куп натпреварот во гимнастика кој во неделата се одржа во Кочани, челниците на ФГСМ го искористија да ги врачат признанијата на голем број гимнастички доајени од Кочани, кои во изминатите 105 години секој во своето време и на свој начин оставил некој позитивен траг, во најстариот спорт во градот.

Убава беше сликата кога почнаа да се читаат имињата на сите оние кои на некој начин ја имаат задолжено гимнастиката, убава беше сликата на нивните насмеани, но и изненадени лица од она што им беше приредено.

Освен признанијата на поединци, Претседателот на ФГСМ Љупчо Арнаудов на Претседателот на КГС „Кочани“ Благој Каров му врачи специјално признание за развивањето на гимнастичкиот спорт во градот.

Да се соберат на едно место толку многу гимнастичари и не е мала работа, но за жал неколкумина што работеа макотрпно во гимнастиката и што на некој начин го промовираа овој спорт а повеќе не се меѓу нас останаа само сеќавањата на нивното дело.

С. Ивановски

2

3

4

5

6

7

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари