„На електронското наддавање што  одржа по 22-та објава за продажба на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, се лицитираше вкупно за 31 плац, од понудените 49 од кои 18 беа за индивидуално домување, 23 за викенд куќи, 1 парцела за времено сместување – хотели и 7 за лесна индустрија и мало стопанство“ соопшти на денешната прес-конференција Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

На оваа лицитација отуѓена е парцелата за изградба на комерцијален објект – хотел со компатибилна класа на намена – со површина од 5.966 м2,   за која е  постигната цена од 313,00 денари за метар квадратен. Од 23 локации понудени за изградба на викенд куќи на „Пониква“, се отуѓени 21 парцела, сите над месноста викана Аеродром, при што се постигнати цени од 71,00-550,00 денари за метар квадратен.

Исто така отуѓени се 6 парцели за индивидуално домување, на улиците „Ѓорче Петров“, „Ката Мокрејка“, „Орце Николов“ и „Бранко Пендовски“. Од понудените 7, на јавното наддавање се отуѓени 3 парцели за лесна индустрија и мало стопанство, на местата викани Драчевик и Белски Дол.

„Се очекува сите средства да бидат уплатени до 24 Декември, со што ќе се оствари приход од 7.330.000,00 денари, од кои 5.870.000,00 денари ќе бидат приход на Општина Кочани, а остатокот на сметка на Буџетот на Република Македонија“ рече Димитровски.

Поради зголемиот интерес за купување градежни парцели, до крајот на годината Општина Кочани планира да спроведе уште една продажба на градежни парцели.

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари