Светнаа лед светилките како дел од реконструкцијата на уличното осветлување во Кочани, кои според потпишаниот договор ги поставува белградската фабрика „Минел Шредер“. Според договорот ќе бидат поставени нови 3.125 лед светилки чија вкупна вредност изнесува 52.510.000,00 денари, или по 16.803,20 денари по светилка. Според стручните лица од оваа област, со замена на старите светилки со нови лед светилки ќе се обезбеди подобро и поквалитетно осветлување и ќе се заштедува и до 65% енергија. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари