Во своето обраќање кон гимнастичарите и присутните во „Спортската сала“ во Кочани, за време на одржувањето на „Гимнастичкиот Куп на Македонија“, Претседателот на ФГСМ Љупчо Арнаудов соопшти една мошне пријатна вест.

Имено на Управниот одбор на федерацијата било донесено одлука да се изградат во Македонија еден гимнастички комплекс, една сала за гимнастика и две постоечки сали да се реновираат.

Гимнастичкиот комплекс би се изградил во Битола, постоечките сали кои треба да се реновираат се едната во „Ѓорче Петров“ а другата е „Орце Николов“, но што е важно за кочанчани во „градот на оризот“ ќе се гради нова современа сала за гимнастика.

Одлуката е доставена до Владата на Република Македонија од каде се чека потврден одговор.

На Локалната Самоуправа во Кочани и останува само да одбере локација каде ќе се изгради новата сала и каде продолжи традицијата на гимнастиката кој уште пред 105 години се појавила во Кочани.

Оваа вест беше поздравена од сите присутни во „Спортската сала“, и сега сите со нетрпение ќе очекуваме ветеното да се реализира.

С. Ивановски

DSCN7939

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари