Со победата од 3:1 над екипата на ОУ „Илинден“ од Крива Паланка, машката футсал екипа на ОУ „Никола Карев“ од Кочани е победник на „Меѓу зонските“ натпревари кои кон крајот на минатата седмица се одржаа во Свети Николе.

Со оваа победа екипата предводена од тренерскиот тандем Јовановски-Андонов се избори за учество на „Државното првенство“ кое 18-20 Февруари идната година ќе се одржи во Вевчани.

На првенството ќе учествуваат 6-те најдобри училишни екипи во Република Македонија.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари