Со обезбедени средства од „Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој“ започна асфалтирањето на првиот крак од улицата „Гоце Делчев“ во Оризари.
Ќе бидат асфалтирани 420 метри во должина и широчина од 5 до 7 метри за што ќе бидат потрошени 4.800.000,00 денари.
Како што истакна Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски, планирано е доколку временските услови послужат да биде асфалтиран и вториот крак со што ќе биде комплетирана левата страна од река Масалница.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.