Со двете претстави за учениците од основните училишта од Кочани и другите општини од околината денес во салата на ЦК „Бели Мугри“ стартуваше годинешниот „Новогодишен концерт“.

Под мотото „Подарок за вас“ големиот хор, малиот хор и музичарите од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани предводени од маестралниот диригент Марија Лазарова, со сосема нова кореографија и нов избор на песни ги разгалија срцата на присутните.

Еден час добра забава, еден час за кој ќе се зборува со денови, месеци па и преку целата година, се до следниот ваков настан.

Секоја чест за сите оние кои дадоа полн придонес Кочани да сочува уште една традиција.

С. Ивановски

DSCN8801

DSCN8777

DSCN8808

 

DSCN8861

DSCN8863

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари