По повод одбележувањето на 92 годишнината од раѓањето на големиот македонски поет Ацо Шопов,кој потекнува од Штип, Општина Штип и „Домот на млади“ од овој град го организираа чествувањето посветено на Шопов.

Манифестацијата содржеше два дела. Во првиот дел ученици од основните и средните училишта од Штип рецитираа стихови од поезијата на Ацо Шопов,додека во вториот дел беа доделени награди за најуспешни поетски творби на анонимниот на конкурс под наслов „Творам за мојот град“.

Во категоријата средношколци ученичката Розета Петрова од II-1 клас во Средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип, инаку кочанчанка, ја доби првата награда.

„Творев песна под наслов „За неостварената љубов на Рацин“ и ја добив првата награда. Инспирација за да ја напишам оваа песна ми беа стиховите од циклисот „Елегии за тебе“ од Рацин на кои многу се воодушевувам и сакам постојано да ги читам. На оваа иста тема творев и со наставничката Љупка Стоименова пред две години кога добив награда на Детските рацинови средби во Велес. Пресреќна сум за наградата затоа што таа е единствена во мојата категорија средношколци“ изјави Петрова непосредно по добивањето на наградата и признанието.

Инаку Розета Петрова е носител и на наградата „Димитар Гогов“ во Кочани во 2013 година како и на награда за најдобра песна на фестивалот „Детски лирски треперења“ кој се одржува секоја година во Охрид. Добитник е и на втора награда од поетскиот конкурс во Нови Сад, Република Србија.

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари