Победник на турнирот на Општинските Фудбалски Сојузи од Третата Фудбалска Лига – Исток, кој е под надлежност на ФФМ е екипата на ОФС Штип која со две победи и без ниту еден примен гол стана шампион на регионот и на пролет ќе го претставува „Истокот“ на завршниот турнир на кој ќе се сретнат победниците од сите региони.

Во полуфиналните натпревари ОФС Кочани со службен резултат 3:0 го совлада ОФС Свети Николе, а додека ОФС Пробиштип загуби од ОФС Штип со 0:2.

Во финалето кое се одржа во Свети Николе ОФС Штип со убедливи 6:0 го совлада ОФС Кочани.

С.Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари