Од 20 јануари 2016 година, Општина Кочани ќе организира бесплатен основен курс за практично водење сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи.

Курсот ќе можат да го посетуваат дипломирани економисти, без оглед на возраста и на работното искуство, што сакаат да се стекнат со практично знаење од областа на сметководството и даноците.

Предавањата ќе се одржуваат во современа просторија опремена со модерна технологија,  низ практична работа на индивидуален компјутер со користење софтвер за финансово и материјално сметководство. За утврдување на стекнатите знаења од секоја целина одделно ќе се изработуваат проекти, тестови и задачи.

Во текот на обуката учесниците добиваат  бесплатни консултации и помош во водење на сметководство  во нивните деловни субјекти и практична обука на софтвер за водење на сметководство.

Обуката ќе трае 24 часа односно 24 дена, до 20 април 2016 година, а ќе се одвива двапати неделно по еден час.

Бројот на учесниците е ограничен, а запишувањето ќе биде според принципот „прв дојден-прв услужен“.

Предавач ќе биде Васе Коцев,  дипломиран менаџер по царина и шпедиција, овластен сметководител од Министерството за финансии.

Пријавувањето е на Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани, најдоцна до 15 Јануари 2016 година.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари