Поаѓајќи од соочувањето со состојбата во која е донесен Македонскиот фудбал, ние поранешни фудбалери, тренери, фудбалски и спортски функционери, новинари и вистински фудбалски навивачи одлучивме да формираме иницијативен одбор за промени во Македонскиот фудбал.

Состојбата во која овој спорт е ставен и спуштен на најниски можни гранки, не става во ситуација да сме наредени во редот на најслабите фудбалски земји во Европа и светот. Ова го руши угледот на нашиот фудбал, спорт и држава. Самата помисла на сето ова, им предизвикува на сите љубители на овој спорт  вклучутелно и нас голема огорченост и болка.

Можеме многу што да кажеме дека не е добро во нашиот фудбал но за тоа сме сите свесни.

Критиките иако добронамерни, не ни се целта. Без разлика на слабите успеси на репрезентацијата знаеме дека во фудбалската федерација има луѓе и кадри кои би сакале да ги подобрат состојбите. Свесни сме и дека со нашата пасивност и не превземање на иницијатива и ние сносиме дел од таа одговорност. Нашата цел е да го обединиме она што е најдобро и најквалитетно во нашата земја во сферата на фудбалот.

Досега не се огласувавме бидејќи сакавме да дадеме шанса на луѓето кои се или биле одговорни за Македонскиот фудбал.

Од друга страна пак, состојбата во која е донесен фудбалот не тера да реагираме. Реакција, која за многумина е и задоцнета.

Целта ни е да воспоставиме нови стандарди, критериуми и  професионални вредности со кои би воспоставиле нова платформа за иднината на овој спорт. Овој пат, за прв пат во поновата историја на  Македонскиот фудбал, се собра се што било, и е најквалитетно во овој спорт ( а ова јавноста ќе го оцени).

Се собравме спонтано, водени од единствена цел, секој од нас да вложи дел од своите способности и знаење во интерес на спас на Македонскиот фудбал.

Се договоривме дека овој интерес е поважен од било чиј поединечен интерес и амбиции.

Ќе ги заборавиме нашите суети, евентуални поранешни несогласувања, случаи во кои од некој причини сме биле повредени или навредени…

И ЌЕ ПРЕВЗЕМЕМЕ ОДГОВОРНОСТ!

Имаме знаење, искуство, желба и ентузијазам.

Имаме и стратегија за излез од оваа незавидна состојба која на сите нас ни предизвикува болка.

Заедно со дел од сегашните функционери и професионални фудбалски работници кои поседуваат несомнени способности и со нашето долгогодишно искуство, ќе направиме пресврт и ќе почнеме да пишуваме нова страница во историјата на Македонскиот фудбал.

Ќе обезбедиме вистинска перспектива на сите оние што ќе сакаат да се бават со овој спорт, на тој начин што ќе воспоставиме вистински критериуми.

Ние долу потпишаните, сите заедно, собрани пред се заради љубовта кон фудбалот се колнеме и обврзуваме на тоа.

Ги повикуваме и сите добронамерни фудбалери, фудбалски клубови, поранешни фудбалери, фудбалски работници, судии, навивачи и навивачки групи, новинари и сите љубители на овој спорт да ни се придружат и со тоа да го дадат својот допринос за спас на Македонскиот фудбал.

Прилог на дел од списокот на лица од иницијативата за промени во Македонскиот фудбал.

Мето Спасовски, Драган Мутибариќ, Дарко Панчев, Ѓоко Хаџиевски, Илија Најдовски, Кочо Димитровски, Мирсад Јонуз, Драган Канатларовски, Никола Илиевски- Џиџи, Артим Шакири, Бобан Бабунски, Драган Томовски, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Иван Анастасовски, Љубомир Ѓурчевски, Жарко Стојановски, Ангел Бунгуров, Дејан Георгиевски, Васе Рингов, Стојан Арсов, Никола Штериев, Стојан Икономов, Зоран Бошковски, Стојан Шумански, Борис Цеков, Стево Илиев, Ангел Кимов, Миле Димов, Перо Ранготов, Ристо Божинов, Никола  Аврамовски, Миле Димов, Љубе Велковски, Харун Иса, Ивица Јовановски-Ике, Неџмедин Синани, Јован Блажевски, Срѓан Захариевски, Горан Петревски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари