Во салата за состаноци на Советот на Општина Кочани ОО на НСДП – Кочани го одржа 4-тото Изборно Собрание.

По поздравното обраќање на Сашко Стефановски – Претседател на ОО на НСДП – Кочани и на Претседателот на НСДП  Тито Петковски, дваесет и седумте присутни делегати од триесет и тројцата поканети преминаа на работа.

Со гласање се избираа новите членови на Извршниот и на Надзорниот Одбор, како и Претседател на ОО на НСДП – Кочани и Претседател на ОЖ на НСДП – Кочани кои во следните четири години ќе раководат со Општинската Организација на партијата.

По преброените гласови десетте члена кои ќе го сочинуваат Извршниот Одбор се: Славе Андонов, Оливер Досевски, Љубинка Ефремова, Марија Зикова, Ванчо Јакимов, Александар Крстов, Божин Лазаров, Гоше Петров, Методи Прошев и Јовица Тасов.

Ванчо Прошев, Влатко Ефремов и Благој Лазаров се новите членови на Надзорниот Одбор, а за Претседател на ОЖ на НСДП – Кочани е избрана Рајна Пешовска – Јакимова.

Нов-стар Претседател на ОО на НСДП е Сашко Стефановски.

Сите тела едногласно беа избрани.

По завршување на Изборното Собрание во просториите на ОО на НСДП – Кочани беше организирано коктел дружење.

С. Ивановски

DSCN9080

DSCN9114

DSCN9095

DSCN9076

DSCN9124

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари