Сите оние што дојдоа во изминатите две вечери во салата на Мултикултурниот Центар не зажалија, напротив полни со позитивна енергија си заминаа во своите домови.

Привилегија беше во овие две вечери да си онаму каде е центарот на македонскиот фолклор. Со сплет на ора и песни од нашиот изворен фолклор неколку генерации од ФА „Кочани“ со своите гости од Радовиш и Пробиштип ги разгалија душите на посетителите во преполнетата сала.

Е токму ваквите два Новогодишни концерти на ФА „Кочани“ и оние што изминатата седмица ги презентираа хоровите и музичарите од ОМУ „Ристо Јуруков“ се единственото нешто убаво што му се случи на Кочани и не потсети дека сепак се приближува Нова Година.

Секоја чест за организаторот на двата концерти, за групите кои настапија, но и за гледачите кои знаеја како да им вовратат.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари