Додека траеше Новогодишниот неделен концерт на ФА „Кочани“ надвор пред салата голем револт на населението кое за да стигне до своите домови мора да го користи тунелот во близина на некогашната продавница на „Борово“.

Револтот им беше уште поголем особено кога еден од нивните комшии сакаше да помине и да го однесе своето дете до болницата бидејќи како што кажаа имало покачена температура.

Причина на нивниот револт е несовесното паркирање на возилата во самиот тунел што го отежнува и те како минувањето а понекогаш како вечерва и тоа е невозможно.

Како што изјавија неколкупати телефонирале во Полициската станица но и ако им било ветено дека полицијата за бргу време ќе стигне тие посочуваат дека поминало скоро половина час но тука се само тие а не и полицијата.

Ги оставивме, со надеж дека сепак некој ќе дојде и ќе го ослободи преминот во малиот тунел, или како што рекоа тоа и понатака ќе си оди како и досега, кој кога ќе посака ќе го затвори преминот а тие нека си ја чукаат главата ако немаат друга работа.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари