Со традиционалниот Новогодишен коктел, осумнаесетти по ред, членовите на ОО на СДСМ Кочани со мала свеченост и дружење повеќе од три часа ја испратија тековната година.

Претседателот на ОО на СДСМ Кочани Сашо Костов во своето обраќање пред присутните изрази задоволство од цврстината и сплотеноста на членовите на партијата во моментите кога беше најпотребно.

Оддавајќи им признание на сите членови на партијата за сработеното во година на заминување Костов потенцираше дека 2015 година можат да ја прогласат за успешна.

На крајот заблагодарувајќи им се за присуството ја искористи можноста на сите граѓани на Општина Кочани да им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

С. Ивановски

DSCN9364

DSCN9368

DSCN9344

DSCN9356

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари