Група жители од улицата „Лазар Андов“ ни испратија порака преку која бараат помош од надлежните во општината.

Имено како што стои во пораката на нивната улица од „Железничкиот мост“ до базенот нема поставено од новите улични светилки, а како старите кои се полнат со сончева енергија се дотрајани нивната улица е во полу мрак.

Апелираат до надлежните да се постават улични светилки и на нивната улица бидејќи видливоста е речиси никаква а фреквенцијата на возила, особено за време на викендите е голема.

Се надеваме дека овој нивни апел ќе дојде до надлежните во општината па така и овие жители набргу ќе добијат улично осветлување како поголемиот број на улици во градот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари