Дека со паркирањето уште не е средено се како што треба сведочи испратената фотографија од фискална сметка што му била издадена на наш сограѓанин.

Во дописот од него стои дека за два часа паркирање му биле наплатени 100,00 денари од причини што возел товарно а не патничко возило „VVV   CADDY“ кое го користел само за возење а не и за транспорт на стока.

Уште поголем револтот кај него бил што му било наплатено 10 х 10, односно како да се паркирал 10 часа а не само два.

Целта на дописот што ни го достави е да се решат што побргу ваквите проблеми бидејќи тоа создава дополнителна нервоза кај учесниците во сообраќајот.

С. Ивановски

12325397_10207194859082971_2131892662_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари